,,Марлена” на Сараевскиот народен театар, на лично барање на една од најголемите југословенски глумици, Мирјана Карановиќ, премиерно ќе гостува и во Битола, на 3ти март во Центарот за култура!
Во режија на Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, претставата „Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“ ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал ,,Mittelfest”, а на 3ти март ќе одржи ексклузивна премиера во Битола, во Центарот за култура”.
Влезниците ќе бидат во продажба од петок (23ти февруари) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk, во продажната мрежа на ticketx низ Македонија и билетарницата на Центарот за култура, по цена од: 600, 700 и 900 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.