Македонската режисерка Марија Апчевска е добитничка на наградата за Најдобра режија на еден од најстарите филмски фестивали Белградски фестивал на документарен и краток филм – Мартовски кој оваа година го слави своето 69-то издание.

Зачувувајќи ја својата богата традиција, Белградскиот фестивал на документарен и краток филм – Мартовски во 21 век ги следи современите трендови во филмската уметност и технологија, прикажувајќи филмови со висок уметнички квалитет и поттикнувајќи понатамошен развој на домашната и интернацинална филмска продукција.

Филмот „Северен пол” досега учествуваше на повеќе од 40 интернационални фестивали и освои неколку награди како и номинација за Европските филмски награди (EFA) и се квалификуваше за наградата Оскар.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, кастинг Кирија А. Николоска. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм, Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи продукција од Унгарија.

„Северен пол” е финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Македонија и Српскиот филмски центар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.