Овогодишните резултати за јубилејното 40-то издание на Меѓународниот ликовен конкурс за изложбата “Битола 2022” се секако и најава и основ за одржување на 41-вото издание на “Малиот Битолски Монмартр” кој по пауза поради Пандемијата, оваа 2022 година повторно ќе е со посета на детските ликовни амбасадори од цел свет кои низ Битола традиционално ќе творат во периодот од 23-ти до 30-ти мај 2022 година, најавуваат организаторите.

На Меѓународниот ликовен конкурс за изложбата “Битола 2022” кој беше распишан на 10 септември 2021 година а траеше до 20 февруари 2022 година пристигнаа пратки од 450 училишта со над 22.500 цртежи од 40 земји од Европа до Азија.

Стручното жири од вкупниот број пристигнати творби на конкурсот од 20.000 млади ликовни уметници за 40-тата јубилејна Меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2022” избра 777 дела а истата ќе биде отворена на 23.05.2022 година во просториите на Националната детска ликовна галерија “Монмартр” и ќе трае се до крајот на тековната година.

Меѓународното стручно жири ги донесе и следните Одлуки:

1.Добитник на наградата “Гран – при 2022” – “Atolye Veysel Acar” – Trabzon – Turkey 2. Почесна награда “Коста Хаџи-Антоновски” за долгогодишно учество – соработка и придонес – Irina Kruchinina – Children’s Art Studio “Rostok” – OB – Russia 3. Награда “Проф. Д-р. Богомил Карлаварис” за животно дело – Svetlana Veshich Ralevich – Likovni Atelje “Artino” – Belgrade – Serbia
4. Награда Специјална колекција за училиште:

– Szent Imre Katolikus Alt. Iskola – Kecskemet – Hungary

– Seminarul Teologic Ortodox “Veniamin Costache” – Manastirea Neamt – Romania

– OS “Danila Lokarja” – Ajdovshchina – Slovenia

5. Награда – Учество на “Малиот Битолски Монмартр 2022” за 25 екипи во периодот од 23ти до 30ти мај 2022 година во Битола [ 2 учесници и 1 ликовен педагог ]:

– “Simply Art” – Hong Kong – China

– School 1955 (1188) – Moscow – Russia

– “Atolye Veysel Acar” – Trabzon – Turkey

– Shirley’s Fine Art School – Lapid – Israel

– Likovni Atelje “Artino” – Belgrade – Serbia

– Rokytskyi Children’s Art School – Volodomir-Volynsky – Ukraine

– Yeow Chye Art Studio – Ayer Itam – Malaysia

– Asociatia Culturala “Arte. Ro” – Piatra Neamt – Romania

– Mlodziezowy Dom Kultury – Rybnik – Poland

– Zush Ladislava Mednyanszkeho – Spishska Bela – Slovakia

– H.R.H. Princess Sirindhorn Art Centre – Wangsaphung – Thailand

– Detskaya Shkola Iskusstv im. R.V.Serdyuka – Kerch – Crimea

– Workshop “Emart” – Subotica – Serbia

– Children’s Art School “Kolorit” – Pleven – Bulgaria

– Children’s Art Studio “Rostok” – OB – Russia

– Zakladna Umelecka Shkola Hlohovec – Hlohovec – Slovakia

– JU Srednja Likovna Shkola “Petar Lubarda” – Cetinje – Montenegro

– SSH “Ivan Goran Kovachich” – Kiseljak – Bosnia and Hercegovina

– Cetin Sen Bilim Sanat Markezi – Kayseri – Turkey

– National Cultural Children Center – Tirana – Albania

– Shorin Junior High school – Chigasaki – Japan

– Art’s School “Arteya” – Targovishte – Bulgaria

– “Master and I” – Torzhok – Russia

– Shkola za Primjenjenu Umjetnost u Rijeci – Rijeka – Croatia

– Children’s Art Studio “St. Ciryl and Methodi” – Bitola – North Macedonia

6. Награда за најдобра колекција – “Златна четка”: Меѓународното стручно жири додели 23 награди во оваа категорија за најдобра испратена колекција за конкурсот “Битола 2022”.

7. Награда за најдобри поединци – “Златна палета”: Меѓународното стручно жири додели 133 награди во оваа категорија наменета за поединечни остварувања на светската изложба “Битола 2022”.

8. Признанија за поединечни остварувања – “Диплома”: Меѓународното стручно жири додели 245 награди во оваа категорија наменета за поединечни остварувања на светската изложба “Битола 2022”.

9. Меѓународното стручно жири во 8 категории за 40-тата јубилејна Меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2022” додели вкупно 432 награди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.