„Поезијата во превод меѓу цивилизациите“ е насловот на првата Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница што во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Пекиншкиот јазичен универзитет изминатите три дена се одржуваше во Охрид.
На настанот учествуваа повеќе реномирани поети, синолози и книжевни преведувачи од Македонија и Кина, меѓу кои Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Зоран Анчевски, Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска, Андреј Ал-Асади… како и припадниците на современата кинеска поетска сцена Чжао Си, Ли Суо, Аку Вуву, Лју Јуе, Минг Ди и Ши Чуан, кој воедно со своето творештво се претстави и на манифестацијата Мостови на годнешеново издание на Струшките вечери на поезијата.
На работилницата учествуваа и синолозите и препејувачите Игор Радев, Сара Цветановска и Елена Дамјаноска, Милан Дамјаноски.
Работилницата се состоеше од сесии на заемно преведување и анализирање на поезија, како и отворени дебати на теми сврзани со проблемите и предизвиците на поетското творештво и превод во интеркултурен контекст.
Резултатите од годинешната работилница ќе бидат објавени во посебно тројазично издание (македонско, кинеско и англиско), што ќе содржи песни на македонски и кинески поети, придружени со анализи и соодветен критички апарат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.