Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, заедно со Факултетот за драмски уметности во Скопје и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе ги промовираат книгите „Среќните луѓе не слават родендени“, од македонскиот автор Сашо Кокаланов и „Животот на литературната класика“ од бугарскиот автор Пламен Тотев.

На 11 јануари 2024, со почеток од 19 часот, во Малата сала на Центарот за култура во Куманово, литературните дела ќе бидат претставени од Петар Андоновски, Стојан Синадинов и Сашко Насев.

На 12 јануари 2024, со почеток од 19:00 часот, во Бифето на ФДУ, промотори на книгите ќе бидат Петар Андоновски, Нове Цветаноски, Сашко Насев и Стојан Синадинов.

Промоциите на делата од овие двајца значајни автори за македонската и бугарската литература ќе се одржат во присуство на самите Сашо Кокаланов и Пламен Тотев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.