Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ се придружува кон реакцијата и поддршката за македонскиот режисер Милчо Манчевски од Филмскиот фестивал во Венеција и од Централата на ФИПРЕСЦИ, стои во писменото соопштение кое беше испратено до медиумите.

Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Манчевски како проминентен укажувач на корупција на највисоко ниво. Го осудуваме прогонот против Манчевски со цел тој да се замолкне и да се спречи да работи во Македонија.

Укажуваме дека ова е пример на заробена институција која се инструментализира за прогон врз автори, со што се нанесува далекусежна штета не само на филмската дејност ами и на целата култура воопшто. Сметаме дека е недозволиво е да се компромитира македонската култура на меѓународен план на овој начин.

Македонската секција и во иднина ќе продолжи да осудува кога некој автор или други професионалци во филмската дејност ќе бидат институционално прогонети или стигматизирани, стои во соопштението на македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ

Писмо за поддршка од Венецискиот фестивал:

https://www.labiennale.org/en/news/letter-milcho-manchevski

Поддршка од ФИПРЕСЦИ:

https://fipresci.org/news/milcho-manchevski/?fbclid=IwAR1o90NyfjKgYJDg77Rq2uLKT-jrN_wOiZYetgETEsUPF_EneyRzj_UzVfw



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.