Oбјектот “Шар,, лоциран во Старата скопска чаршија е срушен до темел пред една година!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук Зоран Љутков, од ВМРО-ДПМНЕ.

Ја слушам министерката за култура како безуспешно се вади дека не била запозната со рушењето на објектот „Шар“ лоциран во Старата скопска чаршија. Тој е срушен до темел пред една година!!! А еве ви доказ дека пред една година како комисија сме реагирале и сме ви укажувале на криминалите од страна на вашите директори!

Дозволивте да се сруши до темел објект заштитен како културно наследство,а вие со молкот сте директни учесници!!! Ќе одговарате за сите злосторства!, пишува Љутков во својата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.