„Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена репризно и овој петок (18 март) со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет.

„Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“.
Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Иван Еминовиќ, режисер и сценограф е Лев Пулиезе од Италија, а костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор Верица Ламбевска.

Во насловната улога ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Енрико Ристе Велков, Едгардо – Благој Нацоски, Артуро – Никола Стојчески, Рајмондо – Алесандро Абис (Италија), Ализа – Соња Пендовска Мадевска, Нормано – Дејан Стоев.

Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.