Македонскиот состав „Љубојна“ настапи на фестивалот „Cloud rea“ во Тирана. Концертот беше во коорганизација со Фестивалот и Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, со поддршка од Општина Тирана.

Пред многубројна публика во центарот на Тирана се случи вистинско чудо, луѓето, слушајќи ја нивната музика, цели два часа играа во транс. Се редеа разновидни македонски и балкански мелодии, публиката и после два часа не сакаше да го напушти местото каде што се одржуваше концертот“, информират од македонскиот КИЦ.

По концертот, групата „Љубојна“, имаше средба и џем-сешн со музичарите од „Tirana Tirona, all stars“, позната група од Тирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.