Францускиот институт во Скопје во соработка со Кинотека на Македонија, вечерва организираат проекција на филмот „Лифт за чистилиште“.

„Лифт за чистилиште“ е филм кој има посебно место во историјата на францускиот филм. „Овој филм е со посебна елеганција“ (Ле Монд), во режија на Луј Мал во 1958 година, со Жана Моро и Морис Роне – одлични во нивните улоги и фантастичната музика на Мајлс Дејвис имате можност (одново) да го гледате во Кинотека, соопштија од Францускиот институт во Скопје.

Проекцијата почнува во 18 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.