„Антолог“ планира да ги посвети следните неколку недели на зголемена промоција на домашни автори и дела од сите жанрови и видови (проза, поезија, книжевност за деца, специјални изданија). Акцијата е дел од долгогодишниот ангажман на издавачката куќа во актуелизирање на интересот за македонската литература и подигнување на свесноста за домашните автори, кој сега добива една сосема поинаква димензија.
Летото е пред нас, а годишните одмори се асоцијација на време поминато со книга. Нашата цел, преку активностите што следат, е уште позасилено да го привлечеме вниманието кон домашниот автор, за секој на својот список книги ова лето да допише и по некој таков наслов. Отсекогаш сме ги поддржувале и охрабрувале македонските писатели чии дела се вредни за читање. Низ годините нашите автори го добиле соодветното внимание, биле наградувани од критиката, а нивните книги доживувале нови изданија и тиражи. Секогаш сме тука да ги поттикнеме читателите да се решат за книги од македонската литература, затоа постојано оддржуваме промоции, настани, средби со писателите, сè со цел и овие книги да си го добијат своето заслужено место во библиотеките, како на нашите читатели, така и на јавните установи,“ – велат од „Антолог“.
Во склоп на акцијата само во текот на оваа недела од печат ќе излезат четири нови реизданија, и тоа:
- Скриени желби, немирни патувања (II издание) од Владимир Јанковски, роман што ја доби наградата „Роман на годината“ за 2020 година и беше македонски кандидат за „Балканика“ и наградата за литература на Европската Унија,
- Виенски гамбит (III издание) – Анде Јанков, првиот автор на крими серијал во Македонија,
- Нека играат децата (IV издание) – Денис Бојаров, добитник на наградата „Планетопија“ за 2020 година,
- Идол на ѕидот (II издание) – Елена Филиповска, инаку една од највизионерските претстави за Скопје во македонската книжевност.
За целото ова време на нашата интернет страница и на социјални медиуми постојано ќе бидат споделувани содржини од различен вид а секој ден во фокус ќе имаме претставување на еден македонски писател.
Меѓу авторите чии дела ја одбележаа македонската литература во минатите неколку години, а кои исто така ќе бидат дел од оваа акција се и:
- Жарко Кујунџиски со Сфинга на гневот (II издание), една од најчитаните книги, македонски кандидат за наградата „Балканика“ 2021
- Дијана Петрова – Не правете им сенка на гробовите (II издание)
- Катерина Шошко – Случајот Чернобог (II издание)
- Марта Димитров – Шардоне и шпагети карбонара (II издание)
- Јасна Котеска – Санитарна енигма (II издание) и Комунистичка интима (II издание)
и други.
Заедничко за сите овие дела и автори е што тие веќе го имаат освоено интересот на читателите и низ годините доживеале нови тиражи, што е и најголема награда за секој писател: интересот на публиката.
Периодот ќе го заокружиме со најава на четири нови дела од наши автори: Свадбите на ежињата од Александар Кујунџиски, Планино, убавице! од Вера Лилчиќ, Доберос од Цоне Крстевски, како и Крунски панагон од Горан Тренчовски.
Сè со цел да го зголемиме интересот и уште повеќе да ги поттикнеме читателите ова лето да прочитаат и нешто од нашите писатели, од 11 до 22 јули во книжарниците на „Антолог“ секој што ќе купи две книги од македонски автори, ќе ја добие третата гратис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.