Со „Црнила ремикс“, хип-хоп претстава работена според мотивите на делото на Коле Чашуле, а по идеја и режија на Јордан Симонов во продукција на Младински културен центар (МКЦ) на 17 септември се отвора летната сцена ‭на Македонскиот народен театар (МНТ) „‬Славиша Кајевски‭“‬.

Летната сцена која го доби името во чест на актерот кој почина на 39 години ќе работи до први октомври.

Меѓу настаните кои ќе се одржат се и стендапот на Сашко Коцев „Широк дијафазон“, претставата „Мој термин“ на Синиша Евтимов, настапи на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд и на Пијан Славеј, а на затворањето концерт ќе има Националниот џез оркестар со хитови од „Битлс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.