Во „Калин Хотел“ во Лазарополе вечерва е отворена изложбата на фотографот Игор Цветковски. Фотографиите се дел од неговата фотомонографијата „Лазороска“

Фотографиите опфатени во фотомонографијата се инспирирани од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески. „Лазороска“ содржи 64 пејсажни фотографии во боја, и го прикажува восхитот на авторот од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фотографиите се направени во периодот на Ковид пандемијата во Лазарополе.

Ова е одлична можност да го посетите Лазарополе, и да ја погледнете оваа изложба која ќе трае од денес па се до 29 ти август.

Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фото-монографијата на Игор Цветковски го документира чувството на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа.

Низ 100 страници и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот. Овој начин на самоизразување го прикажува мојот восхит од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фото-монографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направени во периодот на ковид пандемијата во Лазарополе, вели Игор Цветковски, автор на првата фото-монографија „Лазороска“.

Монографијата почнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.