ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, објави конкурси за литературна и музичка дејност. Подолу погледнете ги двата конкурси.

  • Конкурс за литературна дејност

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за литературна дејност, објавува конкурс за организирањe литературни вечери под програмски наслов „Македонски книжевни текови“, под кои спаѓаат промоции на книги (новосоздадени книги во 2024 година), поетски читања, организирање на трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и сл., што ќе се реализираат во текот на 2024 година, a сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.

 

Право на учество имаат сите заинтересирани писатели, поети, издавачи, поединци или групи. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от [email protected], а конкурсот трае до 23 февруари 2024 година.

Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.

 

  • Конкурс за музичка дејност

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за музичка дејност, објавува конкурс за организирањe концерти под програмски наслов „Македонски музички текови“, под кои спаѓаат концерти од различни музички жанрови, што ќе се реализираат во текот на 2024 годиина, a сo цел развој и афирмација на музичката дејност во Република Македонија.

Право на учество имаат сите заинтересирани музичари, изведувачи, групи или поединци. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от [email protected], а конкурсот трае до 23 февруари 2024 година.

 

Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.