Краткометражниот филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју продукција“ премиерно беше прикажан вчера во официјалната селекција на 22-то издание на Филмскиот Фестивал во Беверли Хилс во САД.
Филмот беше селектиран во каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови. Проекцијата во рамките на филмскиот маркет се одржа на 26 мај оваа година.
„Шеќерни луѓе“, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју Продукција“ е единствениот краткометражен филм, што беше претставен оваа година на маркетот во Кан.
Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.