Сликарката Јана Манева-Чупоска е новата претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Таа беше избрана на вонредното годишно собрание кое се одржа во саботата. Манева – Чуповска доаѓа на местото на Филип Фидановски. Таа ќе раководи со ДЛУМ следниве четири години.

Манева-Чупоска е редовен професор на високообразовната институција – Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје.

Во нејзината биографија, меѓу другото, пишува: Mанева- Чупоска (1996 год.) дипломирала сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршила на Високата школа за применета уметност во Прага. Во 2006 год., станала магистер по уметност. Во 2009 год., запишала докторски студии и станала доктор од областа на етнологијата и дизајнот.

Член е на ДЛУМ од 1997 год. и е активна во учеството на самостојни и групни ликовни излагања на домашната и на меѓународната ликовна сцена. Авторка е на книги од областа на ликовната уметност и на дизајнот. Има објавено меѓународни трудови во научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајнот. Кураторка е на ликовниот проект „Фемина 8“. Редовен професор е на високообразовната институција – Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје. Менторка е на студенти за одбрана на повеќе дипломски и магистерски трудови. Учествува на семинари од областа на ликовната уметност и дизајнот со сопствени излагања во Скопје, Белград, Диселдорф, Париз, Прага, Загреб и др.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.