Kраткометражниот игран филм „Имиња” во режија на Јане Спасиќ, е избран во официјалната селекција на 45. Меѓународен медитерански филмски фестивал „Синемед“ во Монпелје, Франција. Филмот ќе биде прикажан вечерва и на 27 октомври, а по втората проекција, ќе следува и разговор со Спасиќ.
Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Драгана Костадиновска, Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните се појавуваат: Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.
Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов
„Имиња” се снимаше во 2022 година, во продукција на „Арт проект лаб“, со поддршка на Агенцијата за филм, а домашната премиера на филмот беше на годинашното издание на „Синедејс“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.