Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во скратено издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од ковид-19.

Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска традиција на Градот под Царевите Кули не може да има подолги паузи.

Тоа ќе ги демотивира карневалските групи да не учествуваат во иднина на карневалот. Карневалот ќе се одржи, но ќе биде од локален карактер. Покрај карневалистите од Струмица, ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кои најчесто учествуваа. Барање на струмичани е да не престане вековната традиција и апелирам до сите максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од пандемијата, изјави Костадинов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.