Косовско-македонскиот филм „Барајќи ја Венера“ на Норика Сефа, ја освои наградата за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Трст. Наградата ја доделува „Cineuropa“.

Од сите одлични селектирани филмови, овој филм не погоди посебно со своите силни кинематографки квалитети. „Барајќи ја Венера“ е забележелив по својата искреност и актуелност – стои во образложението на наградата.

Постпродукцијата и неговиот звучен дизајн се реализирани во „Аудиохаус“, од продуцентите Игор Поповски и Дејан Крајчевски. Косовски продуцент е Бесник Крапи, додека кинематографер е Луис Армандо Артеага.

Филмот раскажува приказна за скромната тинејџерка Венера која живее во мало село на Косово. Во нејзиниот дом живеат три генерации, така што таа нема многу приватност. Надвор, на улиците и во кафулето, не е многу подобро: селото е мало и секогаш има брат, внук или сосед, кој внимава на неа. Од една девојка се очекува пред сè да ја заштити својата добра репутација – и тоа на нејзиното семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.