Кореографката проф. д-р Искра Шукарова од 27 јули до 7 август е поканета на уметничка резиденција во Њујорк и Вајлд Харт во САД.
-Уметничката резиденција започнува во Њујорк за потоа да продолжи со престојот во прекрасната природа во Вајлд Харт (Њујорк) каде ќе се испитуваат теми поврзани со екологијата, движењето и природата. Темите кои ќе се обработуваат како дел од истражувачкиот процес допираат длабоко во суштината за тоа како се однесуваме и соработуваме со природата, истакнува Шукарова.
Таа, исто така, ќе им предава на студенти за нови пристапи во современиот танц, а во рамки на престојот, на 4 и 5 август, во Њујорк во Movement Research NYC Шукарова ќе одржи предавање за современи танчари.
Резиденцијата е организирана од Петер Шишиоли, нејзин колега и асистент на Меридит Монк. Престојот е поддржан од мрежата Global Practice Sharing како дел од Movement Research NYC и фондот Trust for Mutual Understanding. Шукарова е дел од две релевантни танцови мрежи од САД – IIAC и Global Practice Network.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.