Парите од продадените билети за концертот „Гајрет“ кој ќе се одржи вечерва, 9 февруари во 20 часот со солисти од Македонија, Турција и Либан , ќе бидат донирани како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција, објави Филхармонија.

Љубомир Бранѓолица е уникатна фигура на македонската музичка сцена во втората половина на дваесеттиот век. Неговиот исклучително богат творечки опус вклучува опери и балети, камерни и хорски композиции, како и популарни песни. Фазил Сај е исклучителен турски пијанист и композитор, кој повеќе од дваесет и пет години активно настапува на светската музичка сцена, а Антонин Дворжак (1841 – 1904) е еден од најзначајните композитори на музичкиот романтизам.

Лубнан Баалбаки е роден во 1981 година во Бејрут и е најмладиот редовен диригент во Либанскиот филхармониски оркестар. Мојца Седеу е постојан член на Филхармонија од а 1994 година, а од 1998 година е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а предава и на државните факултети за уметности во Приштина и во Тетово. Основач е на ансамблот за удирачки инструменти „Сонант“ во 1998 година. Бурџу Карадаг e родена е во Истанбул, Турција, каде што завршила музика на Државниот конзерваториум, додека Ајкут Коселерли е роден е во Анкара во 1985 година и дипломира на Факултетот за музички и изведувачки уметности на универзитетот Билкен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.