Третиот концерт од програмата на Меѓународниот фестивал на класична камерна музика Skupi KamerFest насловен „Австриски класици во дуо“ ќе се одржи вечерва во 19 часот во камерната сала на Филхармонијата во Скопје.
Ќе настапат музичарите Клеменс Бок (виолина) и Кристина Шејхер (пијано), и двајцата од Австрија. Тие ќе изведат композиции од: Хендел, Моцарт, Шуберт, Буланже, Дворжак. Влезот е слободен.
Фестивалот го организира Здружението за афирмација на музичката култура „Муза“ од Скопје.
Со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа специјална вечер на класична музика со вас, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.