Концерт за четирирачно пијано ќе се одржи вечерва во 21 часoт во црквата „Св. Софија“ во рамките на фестивалот Охридско лето. Ќе настапат пијанистиките Ана Миерник и Јоана Сохачка.
Миерник настапувала на пет континенти и во 38 земји во светот. Во 2015 година настапила во Карнеги Хол во Њујорк во салата за рецитали „Вајл“. Одржува концерти во престижни концертни сали како во Сиднејската опера, Националниот театар во Лима, Палатата „Белес Артес“ во Мексико и др. Како дел од програмата „Ел Система“ настапува со симфонискиот оркестар „Хуан Хосе Ландаета“, како и со Националниот симфониски оркестар во Аргенитна, Државниот оркестар во Мексико, оркестарот во Јукатан, Црногорскиот симфониски оркестар, Оркестарот на РТВ Албанија, Филхармонијата во Марчигиана, како и повеќе оркестри во Полска, Аргентина, Шпанија, Бугарија, Венецуела и Перу. Настапувала во Отава и Калгари во Канада, во Канбера, Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн и Перт во Австралија, Велингтон во Нов Зеланд, во Виена, Париз, Рим, Бари, Мајами, Сао Паоло, Бразилија, Буенос Аирес, Богота, Лима и Сантијаго де Чиле.
Јоана Сохачка веќе ја има освоено публиката во многу земји Англија, Франција, Австрија, Бугарија, Германија, Чешка, Шпанија, Швајцарија, Естонија, Холандија, Италија, Молдавија, Израел. Настапувала во престижни концертни сали како Карнеги Хол во Њујорк, Националниот форум за музика во Вроцлав, Ројал Алберт Хол во Лондон, Бетовен хаус во Бон, Националната филхармонија во Кишињев, Националната филхармонија во Варшава. Јоана е носителка на награди и признанија од повеќе од 30 меѓународни натпревари за пијано во Англија, САД, Естонија, Франција, Германија, Австрија, Унгарија, а во 2019 година се закитува со прва награда и со сите специјални награди на натпреварот за пијанисти во Падова, Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.