„Не бегај од опера“ е концертот што ќе се одржи на 15 јули, понеделник, од 19.30 часот во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

На репертоарот ќе бидат дел од највпечатливите арии и дуети од оперите на Моцарт, Росини и Доницети.

Посетителите, велат од Центарот, ќе можат да уживате во патешествијата на итриот Фигаро и љубовните драми на Дон Жуан.

Настапуваат Елеонора Џоџоска (сопран), Мартин Димитриевски (бас), Аида Пипојан (сопран), а корепетитор е Галина Апостолова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.