Во Музеј на македонска борба вечер од 20 часот ќе биде одржан концерт на Весна Ѓиновска Илкова – сопран и Кристина Светива – пијано.
На програма се дела од Т. Прокопиев, Р. Аврамовски, С. Стојков, Т. Зографски, Т. Скаловски, С. Голабовски, Ј. Андреевска, Б. Светиев, А. Џамбазов.
Весна Ѓиновска Илкова е водечки драмски сопран во Македонија, позната по својата софистицирана вокална техника, музикалност и сценска присутност. Илкова има богата домашна и меѓународна кариера, со настапи во Данска, Хрватска, Словенија, Бугарија, толкувајќи главни улоги во опери како „Аида“, „Отело“, „Турандот“, „Мадам Батерфлај“, „Симон Боканегра“, „Атила“, „Моќта на судбината“, „Бал под маски“ и „Лидија од Македонија“.
Кристина Светиева е една од најталентираните македонски пијанистки, со богата концертна активност. Успешно настапува на сцените низ Македонија („Охридско Лето“, „Скопско Лето“, „Денови на Македонска Музика“) и на меѓународни сцени во Турција, Италија, Франција, Бугарија, Шведска, Холандија, Хрватска, Чешка и САД. Таа е добитник на бројни државни и меѓународни награди. Работи како вонреден професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.