Во рамките на втората сезона на фестивалот на современа музика „Денови на македонска музика”, кој со есенското издание продолжува традицијата што успешно се воспоставува во последните години, СОКОМ го најавува концертот на пијано дуото во вторник во 20 часот во состав Јасмина Трајческа (Македонија) и Ловорка Немеш Дулар (Словенија), пренесува „Плусинфо“.
На концертот ќе бидат изведени дела за две пијана од реномираните македонски композитори Томислав Зографски (1934–2000) и Стојче Тошевски (1944–2008), со што ќе бидат одбележани два значајни јубилеја: 90 години од раѓањето на Зографски и 80 години од раѓањето на Тошевски. Покрај македонските творби, програмата вклучува и дело на словенечкиот композитор Јанез Матичич (1926–2022).
Концертот ќе го слави богатото музичко творештво на двете држави преку длабоки и впечатливи изведби, кои ќе понудат свеж поглед на делата на овие истакнати композитори.
Влезот на концертот на Пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар на „Деновите на македонска музика”, е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.