Концертот „Балканско виножито“ на мултиинструметалистката Бајса Арифовска ќе биде одржан вечер од 20 часот во Филхармонија.

Концерот е најавен како колаж на посовремен етно и и етно џез призвук во изведба на виртуози од регионов.

На Бајса во малата сала на Филхармонија ќе ѝ се придружи и светски докажаниот и врвен инструменталист на кавал Недјалко Недјалков.

На концертот учествуваат и Ивајло Димитров – (Р.Бугарија) и Душко Георгиевски – вокални солисти, Дамир Имери – пијано и клавијатури, Иван Бејков – бас, Ратко Даутовски – перкусии, Емил Адамски – зурла и гајда и Бајса Арифовска Димитрова – кавал, тамбура,кларинет,ут, виолина.

На програмата се дела и обработки од Н.Недјалков, Д.Имери, Б.Арифовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.