Камерното трио што го сочинуваат Билјана Петровска – пијано, Марија Јакимовска – флејта, Верица Ајтовска – виола, ќе настапат вечер во 21:00 часот во фоајето на Националната опера и балет, во рамки на 45. издание на Скопско лето.

Билјана Петровска е активен музички ументик на македонската музичка сцена. Образованието го стекнува во Скопје. Средно музичко образование завршува два отсека инстументален осек- пијано во класа на проф. Рита Поповиќ и наставно теоретски во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј, дипломира (1997г.) и магистрира (интерпретација на пијано 2002г.) во класа на Евушка Елезовиќ- Трпкова на ФМУ – Скопје. Во текот на своето музичко образование учествува на многу семинари меѓу кои се Првиот интернационален фестивал во чест на Владимир Хоровиц во Авеиро – Португалија, престојува во Париз два месеца во Градот на уметноста (Site the Arts), каде што одржува повеќе концерти.

Акцентот на интерпретациското творештво кај неа е насочен кон камерното музицирање. Досега има повеќе настапи со македонски музички уметници на манифестации во земјава како Скопско Лето, Еенски музички свечености, Охридско Лето, Денови на Македонска Музика. Настапува во многу градови низ земјава, како и во Истанбул (Турција),Франција (Париз), Бугарија (Софија), САД (Њујорк), Србија, Хрватска.

Активно камерни состави со кои концертира се Трио/квартет ВивАрт, The Quartet. Настапува со камерен состав кој изведува авторска музика на композиторот и аранжер Сашо Ливрински – Лаврод (македонски танго композиции и аранжмани на македонски фолклорни песни), како и авторска музика на Давор Јордановски. Моментално е редовно вработена во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ како пијано соработник.

Од 2012 г. до денес е хонорарен пијано соработник на ФМУ во Скопје. Од 2015г. до 2019г. настапува како прво пијано во оркестарот и бендот во мјузиклите „Чикаго“ и „Мама Миа“, кои се изведуваа во Македонскиот народен театар. Досега има учествувано во реализација на повеќе носачи на звук: Кларинетски Фантазии (со кларинетистот Петар Колевски), Македонски композитори (со кларинетистот Љупчо Чедомирски), Романтични мелодии (со трубачот Васо Ристов, онлајн албум со The quartet – свита за флејта и џез пиjано трио од Клод Болинг). Во јуни 2022 година М- СОЛ Рекордс го издаде нејзиониот прв авторски албум „Здивот на Вечната љубов“ со подршка на Министерство на култура на Република Македонија.

Верица Ајтовска е родена 1997 година во Кочани. Основно музичко образование завршува во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, како ученик на генерацијата, а средно во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип. Учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари по виолина и освојува награди. Во 2021 година дипломира виола со cum laude на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. м-р Фросина Балова. Учествува на Интернационалниот курс за музика во Ајон, Шпанија, каде посетува настава по виола кај Михаил Земцов и настава по камерна и современа музика кај истакнати професори на универзитети во Шпанија. Ајтовска е член на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ со кој настапува на Охридско и Скопско лето, како и ансамблот на МММ Нонет + со кој има настапувано во Македонија и Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.