Вечерва со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи последниот концерт во рамките на манифестацијата „47.Денови на македонска музика“, концерт на гудачкиот квартет „Атака“. Овој настан ќе биде единствена можност да се проследат дела од различни периоди и стилови на македонската музичка мисла посветена на камерниот состав – гудачки квартет.

Ќе бидат изведени делата на композиторите Валентина Велковска-Трајановска, Гоце Гавриловски, Филип Иванов и Академик Ристо Аврамовски.

Гудачкиот квартет „Атака“ го сочинуваат младите, извонредни уметници: Ева Богоевска – виолина, Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола, Маја Михајловска – виолончело. Фестивалот „47.Денови на македонска музика“ е во организација на Сојузот на композиторите на Македонија, а се одржува под покровителство на Претседателот на Македонија, со поддршка на Министерство за култура.

Влезот на концертот е слободен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.