Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечер ќе се одржи концерт на Елена Голомеова – сопран и Нита Груби – пијано.
Како што информира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, на концертот ќе бидат изведени повеќе дела, меѓу кои: Сцена на Џилда од Операта „Риголето“, Сцена на Жанет од Операта „Свадбата на Жанет“…
Концертот ќе се одржи во Културно-информативниот центар во Скопје, во Салон 19:19. Билетите се во продажба на karti.com.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.