Во рамки на втората сезона од 46. Денови на македонска музика 2023, кои ги организира Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), вечер од 20 часот во Филхармонија концерт ќе одржи дувачкиот квинтет „Фил-Хармоник“ (Phil-Harmonic).

Квинтетот го сочинуваат: Елена Дојчинова – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Горан Јанев – хорна и Ванчо Стојановски – фагот.

На програмата се делата: „Четири епизоди“ од Драгослав Ортаков, „Црно сонце“ (според стихови на Ацо Шопов) од Валентина Велковска-Трајановска, „М..С..А“ од Стојан Стојков, Дувачки квинтет на македонски револуционерни песни од Љубормир Браноѓолица и „Хумореска“ од Александар Џамбазов.

Влезот на концертот е слободен за посетителите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.