На 8 август, четврток, свој настап ќе има ансамблот на Дунавската школа за фолклор од градот Баја, Унгарија. Овој концерт ќе се одржи на сцената „Летница“ во Охрид, со почеток во 20:30 ч. Ансамблот ќе настапи со сплет од традиционални унгарски народни песни и танци.
Настанот е организиран од страна на Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, Почесниот конзулат на Унгарија во Охрид, како и Здружението на Унгарци во Македонија.
Овој концерт е дел од турнејата на ансамблот на Дунавската школа за фолклор низ Македонија, која почнува со настап во Прилеп на 7 август, продолжува со настап во Охрид следниот ден, а потоа и со настапи во Битола на 9 август, во Крушево на 10 август, и завршен концерт во Скопје, на 11 август.
Влезот за сите настани е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.