Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово, организатор на фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ 2023“, денеска ги покани филмските автори да пријават свои дела во наредните две недели. Пријавувањето е преку платформите „festhome“ и „FilmFreeway“. Конкурсот е отворен до 31 март годинава. Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово информира дека до сега се пристигнати стотина филмови, од кои дузина се македонски. Филмовите ќе ги прегледа стручното жири во состав: Симона Димковска, Борна Зидариќ и Мартин Давитковски.

Резултатите ќе бидат објавени при крај на месец април, а самиот фестивал ќе се одржи во две вечери (30 и 31 мај 2023), во занаетчиски дом – Куманово. Претходница на фестивалот ќе биде ревијална вечер на 11 мај 2023, во рок-бар „Валхала“ во Куманово, каде ќе биде прикажан избор од кратки филмови од првите четири изданија на фестивалот, соопшти организаторот.

Петтото издание на ФИЛМАЈ фестивалот ќе се случи во година кога фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово одбележува 75 години од основањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.