Во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје на 20 и 21 мај ќе се одржи конференцијата „На работ на климатска катастрофа: Уметност, култура, екологија и креирање политики во 21 век“.

Конференцијата се состои од предавања, дискусии, презентации на уметнички истражувања и дискурзивни програми, како и уметничка програма.

Организатори се Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Плоштад Слобода, во партнерство со Платформа Заједничко – Белград и Музеј на современа уметност – Скопје, како дел од проектот на ЕУ – АКТ: Уметност, Клима, Промена.

Од преобразување на процесот на креирање политики до институционални иновации и користејќи ‘маргинално’ знаење, поставуваме прашања: за позицијата и потенцијалите на уметноста и културата во тие процеси, за праведна зелена транзиција и трудот на грижа како нов извор на зелени работни места, за минати и идни форми на организација и мобилизација на заедницата, за институционална имагинација и создавање институции за грижа, за можноста да се прошири образованието и раскажувањето приказни, така што ќе создава приврзаност кон живиот и неживиот свет, за слободното време, заедништвото, меѓусебна зависност, соживот и пријателство, за европскиот колонијален наратив, неговото екстрактивистичко наследство и итноста на трансформацијата“, соопштува Локомотива.

Kураторки на конференцијата се Биљана Тануровска-Ќулавковски и Ивана Драгшиќ.

Учесници на конференцијата се Љубица Славковиќ, Ана Мендез де Андес, Филип Стојановски, Томислав Вукоја, Зоран Ериќ, Ралука Воинеа, Ана Франговска, Ива Марковиќ, Аслихан Демирташ, Џулија Касалини, Предраг Момчиловиќ, Каролина Маркес, Василеиос Нтурос, Теодора Зумба, Криста Буране, Николина Присташ, Јована Караулиќ, Сабине Зан, Слободанка Стевческа и Милош Ковачевиќ.

Модератори се Биљана Тануровска-Ќулавковски, Ивана Драгшиќ, Ирена Цветковиќ, Здравко Савески, Маријана Цветковиќ и Виолета Качакова.

Теми на панелите: Трансформација на пристапот на креирање политики во ера на еколошка катастрофа; Институции во културата и екополитиката; Феминистички алијанси за иднината; Разговор за одраст – Нова визија за одржлива иднина; Уметнички практики и екополитички перспективи; Уметничко образование и екологија, истражувања, визии, средби…; Трансформативен модел на крофна економија за поодржливо и праведно општество.

Уметничката програма на 20 мај вклучува прикажување на филмот на BADco The Labour of Panic [Трудот на паниката] во 17:30 часот, и перформансот „Nature Unveiled or Stories about Plants and Workers” [Откриена природа или приказни за растенијата и работниците] на Владимир Бјеличиќ, од 18:15 часот до 19:15 часот.

Конференцијата е поддржана од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, Министерството за култура ни фондацијата Хајнрих Бол.

Програмите се на англиски јазик и ќе се одржат во Музејот на современа уметност во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.