Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот концерт ќе одржи „Пијано трио“. Во составот членуваат Татијана Петрушевска-Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски – пијано. На програмата се дела од М. Глинка и Ф. Пуланк, а македонска премиера ќе имаат дела од двајца наши композитори – Prelude & Toccata од Филип Иванов и At The Moment од Вања Николовски-Ѓумар.
Она што го карактеризира Триото како состав, се, истенчен –моќен звук, итерактивост, прецизност во изведбата и виртуозност на музичарите. „Пијано трио“ се формираше во 2014 година.
Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, формираа ансамбл сметајќи дека постоење на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите, од аспект на соработка, зголемување на репертоар, изведување на дела кои не се само за соло инструмент,туку се во соработка со други онструменти.
Првиот свој настап Триото го имаше на концертот и промоцијата на ЦД во чест на флејтистот Илија Зимбо, а потоа следуваат концерти во Демир Капија, Куманово,Виница, Скопјe, Kрушево, Прилеп, Гевгелија, Берово, Делчево, Кочани. На својата програма секогаш имаат дела кои се изведуваат премиерно во Македонија, а кои дела и самата изведба на Триото, секогаш наидуваат на одушевување кај публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.