Во фоајето на Националната опера и балет вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржат „Нонет +“ под раководство на диригентот Ангел Спироски. Концертот е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

„Нонет +“ е камерен ансамбл основан од Музичка младина на Македонија во 2019 година под раководство на диригентот и композитор Ангел Спироски.

Овој ансамбл составен од млади музичари е единствен од ваков вид во земјата, а негова цел е камерното музицирање да стане неизоставен дел од репертоарот на младите уметници.

Камерниот ансамбл изведува композиции од сите музички епохи со посебен акцент на современата музика.

Ансамблот „Нонет +“ има настапувано неколку пати во Скопје и Софија, Бугарија во организација на Културниот центар на Македонија во Софија.

Годинава покрај настапот на „Подиум на млади“ на фестивалот „Охридско лето“, ансамблот на млади музичари ќе настапува низ неколку градови во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.