Овој петок, во 21 часот, во Градскиот парк ќе се одржи традиционалниот концерт на отворено на оркестарот на Филхармонија, посветен на генијалниот Чарли Чаплин. Оркестарот ќе ја свири музиката од филмот „Детето“ од 1921 година, а паралено ќе оди и проекција на истоимениот филм. Диригент е Џијан Емин.
Со својата неверојатната умешност преку превезот на комичното да детектира и презентира различни човечки состојби и емоции, Чарли Чаплин целосно ја трансформираше светската кинематографија. Посебно во жанрот на комедијата на која и даде сосема нова естетска и социјална димензија.
Неговите комедии се сплет од комедија и длабоки емоции, и се фокусираат на важни аспекти од секојдневниот живот. Со други зборови, можеби неговите филмови се смешни бидејќи носи големи чевли и тесно палто, но зад ликот на Скитникот и неговите авантури се крие трагичноста на социјалниот живот на времето во кое биле создадени.
Со таа трагичност, скриена зад превезот на комичното, публиката можела целосно да се идентификува за време на исклучително тешкиот период на Големата депресија во САД.
Таков е и неговиот филм “Детето”. Спој на трагично и комично, на длабоки емоции вешто проткаени во наративот на приказната.
Традиционалниот концерт на отворено, насловен „Лудориите на Чаплин“ се реализира со поддршка на Министерството за култура, а локацијата ја обезбеди Градот Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.