Класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ вечерва ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба.
На програмата е репертоар од периодот на романтизмот, односно Сонатата за пијано и виолончело „Арпеџоне“ од Ф. Шуберт, Фантастични парчиња оп.73 од Р. Шуман, како и „Медитација“ од Ж. Масне.
Дуото „Екс Македоникум“ е формирано во 2021 година и го сочинуваат Драган Гоневски, на виолончело и Димитар Ганчевски, на пијано. Влезот за концертот е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.