Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Монолог на тагата”, во изведба на диригентката Дијана Имери Илкоска и камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra” составен од врвни уметници.

На концертот ќе настапат реномираните гости кларинетистот Игор Бакревски, флејтистката Будимка Имери и актерката Симона Спировска која ќе интерпретира текст од авторката Тина Иванова напишан специјално за оваа пригода.

На програмата се дела од композиторите Јан Сибелиус и Густав Холст кои ќе отсликаат еден уникатен емотивен пејзаж, а публиката може да очекува впечатлива вечер исполнета со многу музика и интимна нарација . Сето тоа ќе претставува едно навистина несекојдневно доживување за публиката, стои во најавата за концертот.

Дијана Имери Илкоска бележи бројни успеси со нашата Филхармонија, бројни ансамбли и состави, Оркестарот на НОБ, Симфонискиот Оркестар и Хор на Бугарското Национално Радио, Дубровачкиот Симфониски оркестар и многу други. Неодамна излезе и нејзиниот нов албум наречен „Филхармонија во срцето” за дискографската куќа Контемпо каде со Камерниот Оркестар на Филхармонија изведува дела од Аренски, Зографски и Дворжак.

Концертот е поддржан од Министерството за култура, а влезот е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.