НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, заедно со Друштвото на писателите на Македонија и ПЕН центарот во Македонија, ќе одржат комеморација за писателот- великан Михаил Ренџов (1936-2024). Свеченото збогување ќе се одржи на 21 октомври (понеделник) во 12 часот во Центарот за култура и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Се проштеваме од еден од нашите великани, поетот на светлината и малкузборноста. Михаил Ренџов за навек ги продолжува светлите патеки на македонската литература, по патот на светлината што во македонската литература ја внесе Климент Охридски, и ја продолжи својата поетика низ певот на псалмите издигнувајќи го македонскиот јазик на високиот пиедестал на јазиците. Во својот работен век Ренџов беше поврзан со свети Климент Охридски, зашто библиотеката што го понесе името на овој македонски светитетел и беше негов работен простор цели три децении, а во кој тој промотивно ја внесе македонската, но и светската поезија, соопштија од ДПМ.
Говорници на комеморацијата ќе бидат Јовица Никчевски (директор), д-р Владимир Мартиновски (претседател на ПЕН центарот во Македонија), Гордана Михаилова Бошнакоска (од Друштво на писателите на Македонија) и д-р Марина Мијаковска (НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.