Платформата за креативен дијалог и критичко размислување – „КНИЖЕВНИ РЕФЛЕКСИИ“ во соработка со Британската амбасада во Скопје на Институтот за македонска литература денеска ја организира првата дебата.

Станува збор за дебата од затворен тип со селектирана публика од културни работници, писатели, преведувачи, уредници, професори… но ќе споделиме видео материјал и заклучоци. Веќе следната дебата ќе биде на крајот од март како отворен настан со интерактивно учество, велат организаторите.

Во првата дебата со панелистите проф. д-р Гоце Смилевски, писател и универзитетски професор, Метју Лосон, Амбасадор на Обединетото Кралство, проф. д-р Наташа Аврамовска, директор на Институт за македонска литература – Скопје, УКИМ и проф. д-р Александар Прокопиев, писател и универзитетски професор истражуваме и зборуваме на тема: Книжевноста како браник на слободата (Цензурирана книжевност; Слобода на говор; Глас на маргинализирани) преку извонредна група на автори во фокус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.