Во вторник, 26 март 2024 година во Europe House во Скопје, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи ново издание од работилницата Книжевен клуб за деца.

Мирисите и зборовите на раната пролет – овојпат ќе читаме и мирисаме убави нешта!

 

Само за најмалите, во организација на Kids Book Club, оваа работилница под водство на Ана Голејшка Џикова ќе биде во духот на пролетта: ќе се читаат домашни песни и раскази на темата за пролетно будење, сите цвеќиња, зеленчуци и овошја.

Низ старите песнички од стихозбирките на домашните автори, а и некои лични дела на поетесата, оваа работилница ќе биде сетилно доживување за најмалите.

 

Работилница е наменета за деца на возраст од 4 до 6 години

Задолжително пријавете присуство на следниот линк: https://forms.gle/FVwcufqsBjLvBYSb6



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.