По 2017 год. стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“.
Се работи за манифестација која за првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите 6 години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Оваа година обезбедивме 500 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно, а бројката расте бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Настанот е закажан за сабота, 26.11.2022 во стрип книжарницата „Бункер“  со почеток во 10 часот и ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип книжарницата Бункер ќе понуди и 30% попуст на целокупниот асортиман.
Исто така, новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.