Познатиот македонски уметник со светско реноме Киро Урдин е одликуван со орден „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ на Француската Република, за придонес во развојот на пријателството и културните врски меѓу Франција и Македонија.

На свеченоста во француската резиденција, синоќа  во Скопје во присуство на негови блиски, пријатели и почитувачи орденот на Урдин му го врачи амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер кој се осврна на неговиот плодотворен и уникатен творечки пат. Од почетоците кога како несуден адвокат со завршен правен факултет на Универзитетот во Белград заминува за Париз во 70-те години, градот на светлината и колевката на уметноста, преку работата во најразлични простори на сите пет континенти се до денешни дни, стекнувајќи меѓународен углед, амбасадорот Бомгартнер посебно се задржа на „планетаризмот“, движење основано од Урдин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.