Вечерва кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк во Скопје, ќе биде одржана филмска вечер на отворено со проекцијата на „Медена земја“.

Киното на отворено, во организација на Град Скопје, е можност граѓаните да уживаат во македонски филм во еден од последните викенди ова лето.

Проекцијата на филмот „Медена земја“ од режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ќе почне во 20 часот.

Бесплатната саботна филмска вечер е дел од богатата културна понуда на Градот Скопје во рамки на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.