Кино на отворено ќе има вечер и во деновите од викендов во општина Кисела Вода, со бесплатни филмски проекции во паркот „Македонија“ пред Домот на културата „Билјана Беличанец”.
Како што информира Општина Кисела Вода, во трите вечери со почеток во 21 часот ќе бидат прикажани современи филмови од македонски автори наградувани на реномирани меѓународни филмски фестивали.
Во 21 часот денеска ќе бидат прикажани кратките филмови „Пепи и Муто” и „Налепница” од Ѓорѓи Унковски и „Долу од рајот” од Саша Станишиќ, во 22 часот долгометражниот филм „Деца на сонцето” од Антонио Митриќески и од 23.30 часот кратките „48″ од Владимир Митревски и „Сонот за крвта и душата” од Игор Алексов.
Утревечер од 21 часот ќе има проекции на кратките филмови „Кутии” од Ангела Димеска, „Девојчето со кибритчињата” од Филип Матевски и „Кога не нема” од Стефан Палитов, од 22 часот играниот филм „Дедо и внук” од Илија Пиперковски и потоа кратките „Карма” од Владимир Митревски и „Си беше еднаш еден звук”.
На последниот ден од филмскиот викенд во Кисела Вода, в недела од 21 часот, на програмата се кратките филмови „Шекспирова 19″ од Владимир Митревски, „Ќе му се јавам на татко ти” од Леон Ристов и „Брат за еден ден” од Стојан Вуичиќ.
Од 22 часот в недела е долгометражниот филм „Ова не е американски филм” од Сашо Павловски и по него кратките филмови „Еден” од Вардар Тозија и „Епизодист” од Игор Александров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.