Градоначалничката Данела Арсовска во посета на Културно информативниот центар – Скопје, известија оттаму.

Во разговор со директорот Антонио Димитров беа изложени проблемите, но и концепцијата за идните решенија за најстариот културен центар во градот. Покрај годишната програма годинава фокусот на КИЦ ќе биде и на инфраструктирните трансформации и обнова на капацитетите. Беше донесен заклучок и за враќање на Туристичко информативното биро, со што ќе се возобнови информативниот карактер на Културно информативниот центар – Скопје. Градоначалничката ја посети и големата јубулејна изложбата „55 години КИЦ“ со слики од нашата богата колекција, која во моментов е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.