Ќе се одбележат и 95 години од раѓањето на академикот и поетот Матеја Матевски, направен е ненамерен технички пропуст, соопштија попладнево од организацијата на Струшките вечери на поезијата (СВП). Денеска на прес-конфренција директорот на Фестивалот, Тодорче Тасевски соопшти дека на годинашното издание ќе се одбележат годишнините на двајца истакнати македонски поети: 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски (1934-2006) и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски (1929-2010), но не беше спомнато и одбележувањето на Матевски, кој е и лауреат на Златниот венец.
СВП ќе се одржи од 22 до 26 август под мотото „Допир на убавината“.
Во Соопштението за прес конференцијата на Струшките вечери на поезијата одржана на 19.07.2024 година е направен ненамерен технички пропуст. Во соопштувањето на деталите за Програмата изоставен е делот на чествување на 95 години од раѓањето на Матеја Матевски, добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2011 година.
Во Програмата на Струшките вечери е предвидено и чествување на 95 години од раѓањето на Матеја Матевски покрај одбележувањето на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски.
Струшките вечери на поезијта со должна почит го одбележуваат ликот и делото на Матеја Матевски, како што може да се види од следниот линк, кога во рамки на Програмата на Струшките вечери на поезијатa за 2019 година, во предворјето на Св. Софија во Охрид, беа одбележани 90 години од раѓањето на Матеја Матевски, со поетски портрет во негова чест, се вели во соопшението кое го испрати СВП.
Матевски е роден во Истанбул во 1929, а почина во 2018 година и еден од тројцата македонски поети кои ја имаат добиено престижната награда „Златен венец на поезијата“ покрај Блаже Конески и Влада Урошевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.