Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде концертно изведена моќната „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Диригент е Иван Еминовиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска. Настапуваат: Наде Талевска, сопран, Васко Здравков, баритон и Нико Ѓоргиевски, контратенор заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Публиката ќе може да ужива во средбата со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот. Слушањето на моќната „Кармина Бурана“ е секогаш посебно искуство и со години го привлекува вниманието на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар – велат од НОБ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.