Познатиот битолски карикатурист Блаже Докуле уште еднаш се закити со награда на фестивалот на карикатури во Сеул, Јужна Кореја „SICACO 2O21“.
Тоа е 11-та награда на карикатуристот на Битолски весник, Блаже Докуле, на овој тринаесети по ред традиционален фестивал на карикатури во Јужна Кореја.
За тоа колку Докуле е ценет во Сеул, Јужна Кореја најдобра потврда е што организаторите на Фестивалот, на каталогот за фестивалот само од него објавија две карикатури, додека на сите останати учесници им објавија по една карикатура.
Инаку Блаже Докуле има зад себе мошне богата кариера во цртање карикатури. Тој цели 50 години е карикатурист на Битолски весник и активно твори. Автор е на десетици илјади карикатури во над 40 домашни и странски весници.
Добитник е на над 50 награди во земјата и странство, а негови карикатури се објавувани во бројни галерии во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.